ГРОМ ќе испраќа писма за брз прием на Македонија во НАТО

 

Партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски, поттикната од случувањата во Украина, најави дека уште денеска ќе испрати писма до амбасадите на земјите членки на НАТО во земјава, како и до седиштето на Алијансата во Брисел, во кои ќе бара брз прием на Македонија во НАТО.

- Ние од Граѓанската опција на Македонија како политичка партија ја изразуваме својата загриженост за состојбите во црноморскиот регион и опасноста од избувнување на граѓански конфликт во Украина кој ќе се одрази глобално врз безбедноста, економијата и геополитиката во целиот свет, вели претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски.

Тој најави дека партијата ќе преземи и конкретна иницијатива за превенирање на евентуалниот неповолен развој на настаните кои може да влијаат и врз Македонија.

- Следејќи го развојот на ситуацијата, ги повикуваме ООН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ да преземат сериозни и итни мерки за спречување на ескалацијата на драматичните состојби во Украина. Веќе утре ќе испратам писмо до сите амбасади на земјите членки на НАТО во Република Македонија и до седиштето на НАТО во Брисел за нивна заложба за итно започнување на процедурата за брз прием на Република Македонија во НАТО, врз основа на апликацијата од Букурешт 2008, истакна Поповски.

09.03.2014 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега