Трагедија го потресе Прилеп: „Пежо“ се заби во мотор - возачот загина на лице место

43 годишен мотоциклист загина во страотна сообраќајна несреќа во Прилеп.

Според информациите од итната медицинска помош до кои стигна МИА, несреќата се случила денеска околу 11:45 часот на крстосницата меѓу улиците „Димо Наредникот“ и „Сотка Џигиџик“ во Прилеп. За жал, прилепчанецот З.В. заработил тешки повреди и починал на лице место.

Од полицијата велат дека несреќата се случила кога автомобил марка „Пежо 307“, зад чиј волан бил прилепчанецот М.С. удрил во моторот на З.В.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

08.03.2014 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега