Виктор Јанукович се бори за живот
Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович кој е во егзил, моментално се наоѓа во болницата во Москва.
Како што пренесува Дејли мејл, наводно тој преживеал тежок инфаркт и сеуште е во тешка состојба.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин демантираше дека Јанукович починал од срцев удар во Ростов на Дон.
Путин во вторникот истакна дека Јанукович е "жив и здрав" и дека тој остварил средба со него. Ваквите информации ги потврди и рускиот печат "Московски Комсомолец".
-Нашиот извор ги потврди информациите дека Јанкович доживеал инфаркт. Неговата здравствена состојба е многу лоша, стои во соопштението на Московски Комсомолец, каде не е наведено во која болница се наоѓа Јанукович.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа