Се урна авион со 239 патници
Авион на малезиската компанија „Малезија ерлајнс“ со 227 патници и 12 членови на екипажот се урна денеска во морето, на 153 милји од виетнамскиот остров Тхо Чу, соопштија виетнамските медиуми.
На интернет страницата на авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ беше соопштено дека на списокот на патници биле 153 Кинези, меѓу кои и едно бебе, 38 Малезијци, 12 Индонезијци, седумина Австралијанци, четворица Американци, од кои едно бебе, тројца Французи, по двајца од Нов Зеланд, Канада и Украина и по еден државјанин на Русија, Италија, Тајван, Холандија и Австрија.
Засега не е познато од каде сознанието на адмиралот за урнатиот „Боинг 777-200 ЕР„, односно дали биле забележани останките од авионот.
Пилотот и копилотот се Малезијци со долг стаж.
Летот од Куала Лумпур до Пекинг е изведен заеднички со кинеската авиокомпанија „Чајна садрн ерлајнс“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа