Путин ќе создава ЕЕУ
Претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан денеска го одобрија институционалниот дел од договорот за Евроазиската економска унија, соопшти шефот на руската држава Владимир Путин на седницата на Врховниот евроазиски економски совет во Москва.
Тој потсети дека претходно денеска е одржана средба меѓу него и претседателите на Белорусија и Казахстан, Александар Лукашенко и Нурсултан Назарбајев, на која е разговарано за главните насоки за развој на евроазиската економска интеграција.
- Лидерите на „тројката“ фактички го одобрија институционалниот дел на проектот за договор за Евроазиска економска унија, истакна Путин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа