Нарачал проститутка, а му се појавила несудената снаа
Еден повозрасен маж од италијанскиот град Тревизо се најде во многу непријатна ситуација, што го доведе до жестока расправија и тепачка со неговиот синот.
Имено, мажот нарачал проститутка преку специјализирана агенција, но бил шокиран кога на вратата се појавила девојката на неговиот 40-годишен син, којa по потекло била од Јужна Америка.
На мажот и на неговата несудена снаа целиот случај им бил многу непријатен, по што „девојката на повик“ набрзина си заминала.
Збунетиот татко сепак решил да му каже на својот син дека неговата девојка е проститутка, а не келнерка, како што тврдела. Но, наместо на девојка му, синот се налутил на таткото и меѓу нив избила жестока расправија што завршила со тепечка.
Целиот случај заврши и на суд затоа што синот го тужел таткото за нанесени повреди.
Во информацијата на италијанскиот порал Локал, не е наведено дали синот останал во врска со девојката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа