Барозо: Грција е пример за успех

Еврозоната ја надмина кризата, а Грција е пример за овој успех, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо во своето обраќање на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Даблин.

Тој истакна дека иако влијателни економисти пред неколку години предвидуваа излегување на Грција од еврозоната, оваа земја не само што и натаму е членка, туку моментно и претседава со ЕУ.

Барозо ги поздрави напорите на грчкиот премиер Андонис Самарас и нагласи дека под негово лидерство земјата успеала да постигне првичен напредок.

Претседателот на Еврокомисијата вечерва ќе отпатува во Атина, каде за време на викендот ќе учествува на дводневната Европска средба на регионите и градовите. 

07.03.2014 - 20:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа