УКРАИНА: Исчезнуваат руските верзии на сајтовите на државните органи

 

Кабинетот на в.д. претседателот на Украина, Олександар Турчинов им наредил на органите на државната управа да ги избришат верзиите на руски јазик на своите официјални интернет страници, јави ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на анонимен извор во Владата во Киев.

Според иститот извор, владините институции добиле рок до 10 март да ги отстранат руските верзии на нивните сајтови.

Тоа досега го сториле 14 министерства, меѓу кои и оние за здравство, за надворешни работи, за одбрана, за финансии, за индустирја и за социјална политика, како и повеќе судови, државни агенции и украинската Служба за безбедност.

07.03.2014 - 19:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега