ФОТО: Испила десет коктели и доживеала три срцеви удари

 

Осумнаесет годишната Џејд Динсдеј од Велика Британија, доживеала три срцеви удари откако испила на екс десет коктели познати како „Јегер бомби“, кои претставуваат мешавина од горчлив ликер и енергетски пијалоци. Лекарите едвај успеаа да и го спасат животот.

Таа вечерта излегла со друштвотот. Пристигнале на место во кое се промовирал коктелот „Јегербомб“. Откако ги испила десетте пијалоци, таа продолжила да се забавува, но како алкохолот престанувал да делува, така поради количината на внесениот кофеин во организмот, таа претрпела шок.  

Се онесвестила по што ритамот на работа на срцето драстично се забрзал. Родителите ја пронашле во тоалетот, клинички мртва, по што се обиделе да ја оживеат. 

Нејзиниот пулс речиси и да не се чувствуваше. Беше целата сина во лицето. Беше мртва на подот од купатилото. Чудо е што Џејд и понатаму е со нас“, изјавил нејзиниот татко. 

Во тој момент преживеа два срцеви удари. Пристигна итната помош, која ја однесе до најблиската болница. На патот до неа доживеа уште еден. Лекарите ја ставија во вештачка кома во која беше три недели, пред да се стабилизира и да може да биде оперирана. Мораа да и ја намалат телесната температура за неколку степени, за да срцето и мозокот понатаму да можат да работат.

Таа е успешно оперирана, а и беше вграден и пејсмејкер.  

 

07.03.2014 - 18:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега