Европската унија добива конкуренција - на поводик нова Евроазиска унија

 

До мај годинава се очекува да профункционира институционалниот дел од договорот за Евроазиската економска Унија која треба да биде креирана од земјите на Русија, Белорусија и Казахстан. Вавата нова унија треба да профункционира од наредата година. Претседателите на овие земји денеска го одобрија институционалниот дел од договорот за Евроазиската економска унија, соопшти шефот на руската држава Владимир Путин на седницата на Врховниот евроазиски економски совет во Москва.

Зборувајќи на седницата на Високиот евроазиски економски совет, Путин нагласи дека главната цел на Русија, Белорусија и Казахстан е да се прејде на ново ниво на заемна соработка, која ќе овозможи создавање на Унија.

Претседателот нагласи дека најважни се гаранциите за неограничено движење меѓу државите на стоки, услуги, капитал и работна сила.

07.03.2014 - 18:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега