Еврото го достигна врвот во однос на доларот

 

Еврото денеска достигна највисоката вредност во однос на американскиоит долар во изминатите две и пол години, во пресрет на најавената одлука на Европската централна банка повеќе да не ги намалува каматните стапки.

Еврото денеска чинеше 1,3917 долари, со што го достигна највисокото ниво од октомври 2011 година, кога едно евро вредеше 1,417 долари.

Вредноста на еврото стабилно расте од летото 2012 година, кога претседателот на ЕЦБ Марио Драги изјави дека ќе стори се што е потребно за да ја спаси еврозоната од кризата.

ЕЦБ вчера по подобрувањето на економските околности, се определи против давање на натамошни стимулации во еврозоната. 

07.03.2014 - 17:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега