Со поделбата на Украина, Европа ризикува дестабилизација!

 

Секое загрозување на територијалниот интегритет на Украина може да доведе до нестабилност во регионот на Евроазија, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Тој изрази загриженост од вчерашната одлука на Парламентот во Крим за организирање референдум на 16 март за присоединување на оваа украинската автономна република кон Русија.

- Исклучувањето на која било етничка или политичка група може да доведе до дополнителна дестабилизација на земјата и да претставува закана за реонот на Црноморскиот басен, истакна Давутоглу на заедничката прес-конференција со туркменистанскиот колега Рашид Мередов.

Според него, Кримскиот Полуостров треба да остане автономна република во составот на Украина и во мир меѓу сите нејзини етнички групи. Тој ги повика властите во Крим да спречат секакви активности кои би можеле да ги зголемат тензиите.

07.03.2014 - 17:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега