Ердоган се закани: Ќе ги забранам Фејсбук и Јутјуб!

 

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе преземе драстични мерки за цензурирање на Интернетот, вклучувајќи укинување на социјалната мрежа Фејсбук и видеоканалот Јутјуб.

Ердоган во интервју за станицата АТВ изјави дека неговата влада е одлучна во намерите да ги најде аудиоснимките наводно со негови разговори во кои тој алудира на корупција.

- "Одлучни сме по ова прашање, без разлика што ќе рече светот", изјави Ердоган.

Турскиот премиер додава дека нема да дозволи Јутјуб и Фејсбук да го проголтаат светот.

- "Нема да дозволиме луѓето да ги проголта Јутјуб, Фејсбук или некои други. Без разлика какви мерки ќе бидат потребни, ние ќе ги преземеме без колебање", додаде  Ердоган.

 

07.03.2014 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега