Уметничка работилница и изложба во Карпош за 8. март

 

Oпштина Карпош синоќа го одбележа 8. март со уметничка работилница и изложба во Кинотеката на Македонија. На ликовниот настан „Осмомартовска инспирација за креација“ учествуваа повеќе од 15 академски сликарки. 

- Целта на оваа работилница и изложба е да се прати порака дека жената која порано била само муза и инспирација, денес успешно креира уметност, информираат од општина Карпош.

Идејата за работилницата и за изложбата произлегува од Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените при Советот на општина Карпош. На манифестацијата присуствуваа претседателот на Комисијата за култура при општина Карпош Горан Михајлов и координаторката на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените при Советот на општина Карпош Виолета Михајловска, која на сликарките им врачи благодарници за учество на изложбата.

Уметничките дела ќе ги красат просториите на новата административна зграда на општина Карпош.

07.03.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега