Ужас ги снајде на пат кон Струга - две жени загинаа, 17 се повредени во трагична сообраќајка

Две лица загинале, четири се во кома и 13 се полесно повредени во страотна собраќајна несреќа која се случила на патниот правец Прењас-граничен премин Ќафасан.

Комби возилото кое превезувало албански државјанки во Струга, прво се забило во електричен столб а потоа завршило во канал.

Повредените лица биле пренесени во болницата во Ливбражд, а четири од нив, поради сериозноста на повредите биле пренесени во Тирана.

Патничките кои загинале, биле на возраст од 25 и 65 години. Во комби возилото патувале 25 патнички, главно пензионерки, кои тргнале на викенд во Струга за да го одбележат осми март Денот на жената.

Според досегашните информации, возачот избегнал директен судар со друго возило, но ја изгубил контролата врз возилото. 

07.03.2014 - 08:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега