Палестинец го наполнил возилото со мигранти и тргнал на пат кон Куманово

 

Палестинец си заработи кривична пријава бидејќи криумчарел мигранти во Македонија. Според податоците на полицијата, се работи за 48-годишниот А.А. со признаено право на азил во Република Македонија кој како дел од поголема меѓународна криминална група, пријавениот подолг временски период преземал активности насочени кон организирање криминална група во Република Македонија за прифаќање и превезување мигранти со потекло од блискиот и средниот Исток.

По претходен договор со непознати лица од Грција и непознато лице од Куманово, организирал прифаќање и транспорт на шест лица - еритрејски државјани, кои од Грција илегално влегле во Република Македонија, а тие требало да се транспортираат од подрачјето на Гевгелија до кумановскиот регион. За таа цел телефонски ги ангажирал лицата Б.Г. (41) и Е.А. (44) од Скопје, кои во организација и добиени инструкции од страна на пријавениот, ги прифатиле мигрантите на подрачјето на Гевгелија и требало да ги транспортираат до кумановскиот регион. Во Гевгелија на Б.Г. и Е.А. им се приклучил и А.А. со друго возило, по што се упатиле заедно кон Куманово, при што од страна полициска патрола, во близина на Демир Капија, Б.Г. и Е.А. биле запрени и истите  биле приведени во Полициската станица во Неготино.

Од страна на истражен судија, на А.А. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

06.03.2014 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега