Рекордно ниво на загаден воздух во Париз
Загадениот воздух од страна на ситните честички, кои најчесто доаѓаат од издувните гасови на дизел моторите, го достигна рекордното ниво на загаден воздух во северо-источниот дел на Франција
Француските власти им препорачаа на граѓаните понатаму да избегнуваат интезивни физички активности и да ја ограничат употребата на автомобили кои не се опремени со филтери за честички.
На повеќе патни магистрали пак е намалена ограничената брзина на автомобилите. Светската здраствена организација неодамна ги стави ситните честички присутни во воздухот во категоријата на канецерогена материја. Според некои пресметки годишно, во Франција, 42,000 предвремени смртни случаи биле поврзани со емисијата на ситни честички. Француските власти размислуваат за зголемување на даноците и таксите за дизелот кој е поевтин од бензинот, што ги наведе Французите да купуваат повеќе дизел возила.