Украина 17 ден: Тензиите во Крим растат

 

Тензиите во Крим продложуваат  да растат. Се очекува дека овој ден ќе биде тежок и исцрпувачки, исполнет со тешки дипломатски напори за смирување на тензиите на полуостровот. Тензиите продолжиле и во текот на ноќта по должината на јужниот регион на Украина, каде што украински војници се' уште се затворени во нивните бази под опсада на про-руските сили. 

Во текот на ноќта луѓето во Киев, преку големиот екран поставен на централниот плоштад, ги проследуваа последните случувања во Украина. 

Вонреден Самит на ЕУ  денеска ќе се одржи поради ситуацијата во Украина. Лидерите на ЕУ за време на Самитот ќе разговараат со новиот украински премиер Арсениј Јацењук. 

 

 

06.03.2014 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега