Руската скијачка која падна на Олимпијадата во Сочи трајно ќе остане парализирана
Руската скијачка Марија Комисарова која претрпе тежок пад за време на Олипмипските игри во Сочи за жал ќе остане парализирана.
23-годишната девојка која падна за време на тренингот за Олимписките игри, не изгуби надеж во ниеден момент, што можеше да се забележи и по нејзините статуси кои ги оставаше на социјалните мрежи.
- Фала ви на сите за поддршката. Поминаа десет дена од операцијата и сеуште не чуствувам ништо во пределот на нозете. Но, јака сум, знам дека еден ден ќе застанам повторно на нозе, вели младата скијачка.
За жал, црните прогнози на лекарите се исполнија, па скијачката ќе остане трајно парализирана, поради што ќе мора да употребува посебни помагала за движење.
Комисарова во болница ќе остане уште десет дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа