Тинејџерка од Струга си се шетала со пиштол
Тинејџерка од селото Лескоец си заработи кривична пријава бидејќи поседувала пиштол и куршуми без дозвола.
Се работи за 18-годишната А.Г. кај која во Струга од страна на полициски службеници откако е запрено патничко возило „ауди“ во кое пријавената била сопатник и при преглед кај истата пронајден е пиштол „црвена застава“ кал. 7,65 мм. и четири куршуми, информираат од полицијата.
05.03.2014 - 16:27
Фото:
А1.он
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа