Грчките неонацисти до муслиманите: Ќе ве заколеме како пилиња ако не се отселите

Грчките неонацисти и се заканија на муслиманската заедница во оваа земја дека ќе бидат „заклани како пилиња доколку не се отселат од Грција“, пренесуваат грчките медиуми.

Според наводите на весникот „Greek Reporter“, во писмото што  грчките неонацисти го испратиле до Исламската заедница во Грција на грчките муслимани им се закнуваат  и од нив бараат во следниот еден месец да ја напуштат земјата.

„Муслимански убијци, ако до 30 јуни не ги затворите своите бордели во Грција, ќе ве испратиме во пеколот. Оние кои нема да го почитуваат ултиматумот, ќе бидат заклани како кокошки на улица“, се наведува во писмото.

Наведеното писмо е напишано на грчки, англиски и арапски јазик.

Ако муслиманите во Грција не ја напуштат земјата во следните денови, ќе има крв на сите страни, пишува во писмото на неонацистите.

На писмото се наоѓа и знакот на неонацистичката организација „Златна зора“, што е позната по тоа што се инспирира од Рамногорското четничко движење од Србија и делови на БиХ.

Во текот на длабоката економска криза во Грција, радикалната десничарска група „Златна зора“ стана многу популарна заради користење на запалливата реторика против доселениците во оваа земја.

Според наводите на „Greek Reporter“, официјални претставници на Исламската заедница на Грција (МАГ) изјавиле дека добиле заканувачко писмо упатено до сите муслимани во оваа земја.

Исламската заедница ќе побара од грчките власти на сите граѓани да им обезбеди да уживаат еднакви права и слободи, како и муслиманите да не бидат жртви на екстремни политички партии.

најчитано сега