„Јас сум нејзиниот маж“ - Тејлор Свифт заврши на суд поради обожавател

 

Тејлор Свифт заврши пред суд поради еден нејзин голем обожавател. Пејачката  моментално е слободна, а сигурно не е мажена, како што тврди нејзинот обожавател. Поради неговите луди пораки, Тејлор мораше да побара судска забрана за приоѓање, пишува E!News.

Се работи за 33-годишен Тимоти Свит, кој по пат на медиумите, поракатите и телефонот, тврдел дека се оженил со славната пејачка.

Неговата опсесија со убавата Тејлор отиде толку далеку, што порача дека ако некој од нејзиното семејство биде убиен, вината не е негова и секогаш ќе има оружје за да може да ја заштити.

05.03.2014 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега