ВО ЖИВО: Погледнете што се случува во Украина
Украина останува на работ на војна пред денешната средба Русија-НАТО. На маргините на конференцијата за Либан во Париз, државниот секретар на САД Кери и рускиот министер за надворешни работи Лавров ќе разговараат во обид да ги намалат тензиите. И покрај суштинската разлика во ставовите дали се работи за „инвазија“, како што тврди Вашингтон или „самоодбрана“, како што инсистира Москва, двете страни навестија дека претпочитаат дијалог. Напредок е и соопштението на новата украинска власт дека почнале консултации на министерско ниво со Москва.
- „САД го осудуваат чинот на агресија на Руската Федерација. Сведоци сме на големи промени и за време на тој период остануваме со народот на Украина“, изјави Џон Кери, државен секретар на САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа