Украина ги засилува безбедносните мерки во своите нуклеарки

 

Како одговор на руските закани, Украина ги засилува безбедносните мерки во своите нуклеарки, се вели во писмото на украинскиот амбасадор во Виена Игор Прокопчук  упатено до шефот на Агенцијата за атомска енергија на ОН.

– Илегалните акции на руските вооружени сили на украинска територија и заканата со сила, се сериозна опасност за безбедноста на Украина. Со можни консеквенци за нејзината нуклеарна инфраструктура, истакнува Прокопчук.

Бројни напори на украинската влада да воспостави билатерални контакти со руските органи досега останаа без одговор, потенцира Прокопчук. Тој апелира до Анан итно да покрене прашање кај руските власти за нуклеарната безбедност.

05.03.2014 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега