Тимошенко: Треба да се воведат економски санкции во Москва
Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска изјави дека на Москва треба да и бидат воведени економски санкции, посебно ако насилството продолжи да ескалира.
- Повторно го повикувам Западот по дипломатски пат решително да се вмеша и да и помогне на Украина, која е многу слаба наспроти Русија,рече Тимошенко.
Според неа, директен дијалог е невозможен по „руската воена агресија на Украина“. Таа ги повика ОН и водечките светски лидери да продолжат со посредничките напори и преговорите со Кремљ.
04.03.2014 - 19:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа