Четиригодишно дете „мртво пијано“ - имало 2,5 промили алкохол во крвта

4- годишно момче од Тузла  заврши во болница поради преголемо количество на алкохол во крвта. Во текот на приемот, како што информирале од болницата, детето не можело нормално да оди и да зборува, но по брз и професионален медицински третман, неговата состојба се подобрила, па набрзо е пуштено дома.

Како што раскажуваат родителите на детето, неговиот татко неколку литри ракија чувал во подрумот, а детето видело како таткото пие ракија и од каде ја носи, па најверојатно и само отишло во подрум.

Детето имало  2,5 промили алкохол во крвта и дефинитивно тоа е  големо пијанство.

04.03.2014 - 18:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега