Курс за усовршување жени

 

Курс кој секој маж го бара за својата жена – стручно усовршување на жената за нормален, убав живот, без секојдневни кавги.

Ново! Од денес, поради голема заинтересираност, започнуваме со настава и за жените, курс кој мораат да го поминат сите жени.

Прв час – Како да отидете до продавница и да се вратите само со леб и млеко, за помалку од 45 минути.
- Редукција на сумата пари во паричникот.

Втор час – Дали е изводливо да купите помалку од 2 пара чевли месечно?
- Слајд репрезентација со фотографии од гладни деца и крокодили од Африка.

Трет час - Тренинг за самодоверба. Како во помалку од 18 минути да се одлучите за бојата на фустанот, како за помалку од половина живот да одлучите за кој маж да се омажите.
- Писмен тест, 20 прашања со повеќе одговори (a,b,c). Времетраењето на тестот е 210 минути. Апчиња за смирување. Забрането внесување на лак за нокти.

Четврт час – Фундаментални разлики помеѓу добро и лошо спремен ручек.

- Видео секвенци од труење со храна, последици кои ги прави кај вашиот партнер и неуспешно направено труење со храна.

Петти час – Туширањето може да биде пократко од 40 минути, сукњата може да биде подолга од колената кога надвор е -5 степени.
- Вежби за туширање во присуство на партнерот. Забрането внесување на било каква видео опрема.

Шести час – Програмирање на DVD плеерот.
- Серија практични вежби со доволно резервни DVD плеери во позадина.

Седми час – Замена на автомобилски гуми
- Како тоа да се направи без запирање на други автомобили и нудење на сексуални услуги? Студија од такви случаи со видео презентација и мапа од вулканизери ширум светот.

Осми час – Научете го мајчиниот јазик.
- Читај како што е напишано, зборувај како што мислиш. Како да изговориш ДА наместо НЕ ЗНАМ. Напреден курс за црнки и смеѓи: како да изговорите ДА наместо НЕ. Напраден курс за плавуши: како понекогаш да изговорите НЕ наместо ДА!

Деветти час - Како да се користи WC-шолјата без проблеми.

- Серија кратки упатства заедно со практична вежба: Ако даската е подигната, спуштете ја и готово! Зарем е толку тешко? Плус бесплатна брошура со илустрации.

Десетти час – Вежби за координација.
- Како да зборувате и размислувате во исто време. Напреден курс: како да зборувате, размислувате и да се движите со штикли во исто време. Вежби во сала, со аудио примери, стручњаци и дежурна медицинска екипа.

Единаесетти час – Садови после вечера, дали треба да ги оставите до утрото или да ги измиете одма?
- Фотографии од жени кои не ги слушаат своите мажи. Брошура со цртежи од техниките кои ги користат мажите, а кои доведуваат до такви фотографии.

По завршувањето на курсот, жените ќе бидат вратени кај своите мажи.

Извор: The Men

04.03.2014 - 15:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега