Оскарите 2014 најгледани во последните десет години

 

Овогодишните Оскари за кои можеме слободно да кажеме дека беа раскошна бајка исполнета со многу гламур, се најгледани во последните десет години и привлекоа во САД 43 милиони гледачи, а критичарите кои го пофалија водењето на Елен ДеЏенерис останаа поделени околу тоа дали шоуто беше предолго.

Спроед податоците на Нилсен, кои беа објавени вчера, публиката која ја гледаше драмата „12 години ропство“ порасна 6,4 отсто во однос на минатата година. 

Оскарите во категоријата на неспортски случувања по правило се најгледани во САД во секоја година и привлекоа најголем број гледачи од 2004 година, кога ги гледале рекордни 43,6 милиони но овогодишните Оскари се покажале добитни и на социјалните мрежи со селфито на Деџенерис, кој постави рекорден број ретвитови, надминувајќи ја бројката од два милиони и предизвикувајќи колапс на Твитер кој траеше околу 20 минути.

"Испратени се околу 14,7 милиони твитови поврзани со Оскар" тврди компанијата Twitter Inc. а според податоците Нилсен, активностите на социјалните мрежа по прашањето Оскар скокнаа на 75 отсто во однос на минатата година.

04.03.2014 - 15:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега