Марш по повод 137-годишнината од Разловечкото востание
Рано утринава во организација на општина Делчево започна Планинарскиот марш посветен на 137-годишнината од Разловечкото востание.
Со заедничка фотографија на новоизградениот мост на реката Желевица кај село Тработивиште беше означен стартот на маршот „По трагите на разловечките востаници„.
Планинарите симболично го носат востаничкото знаме, што ќе биде истакнато во Спомен-домот на Разловечкото востание.
Маршрутата е долга 11 километри, а планинарите треба да ја совладаат за два часа и 30 минути. Организатор на маршот е Општината Делчево, а учествуваат планинари од Скопје, Пробиштип, Пехчево, Делчево и од други места.
ФОТО: Сител