Филе доаѓа во Скопје веднаш по изборите
Штефан Филе следниот вторник доаѓа во Скопје, објавува Канал5 повикувајќи се на извори од Брисел
Еврокомесарот за проширување ќе допатува во земјава само ден по вториот изборен круг, а ќе го придружува и првиот човек на директоратот за проширување Стефано Санино.
Според информацитие на Канал 5 целта на посетата и фокусот на разговорите е високиот пристапен дијалог што Македонија го води со европската комисија, иако изворите на телевизијата велат дека ќе бидат пренесени и првичните оценки за вонредниот извештај на комисијата за земјава.
Се коментира дека по посетата на Филе ќе се даде нова динамика во комуникацијата меѓу Скопје и Брисел, откако земјава го заокружи изборниот процес.
Освен заедничката средба на владината делегација и онаа на европската комисија, Филе предвидено е да има одделни средби со премиерот Груевски, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, но не се исклучува можноста Фуле да се види и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.