ЕС во четврток на вонреден Самит посветен на Украина
Херман ван Ромпуј или претседателот на Европскиот совет денеска и официјално за во четврток (6 март) закажа вонреден Самит на шефовите на државите и владите на змејите-членки на Европската унија.
Главна тема на овој Самит на ЕС е Украина и драматичните случувања во оваа земја која граничи со Полска, членка на Унијата.
Покрај шефовите на државите и владите на ЕУ-земјите, на вонредниот состанок во четврток е најавено присуство и на министрите за надворешни работи на земјите-членки, како продолжение на нивниот вчерашен Самит за надворешни работи.
Вчера, шефовите на дипломатиите само договорија замрзнување на подготовките за Самитот на Г-8 што во јуни треба да се одржи во рускиот град Сочи и најавија “нацелени мерки” против Русите, доколку продолжат со воената инвазија на регионот Крим во Украина. Но, за конкретни санкции, задутре ќе разговараат шефовите на државите и владите, до кога се очекува и добивање на јасни информации што се случува во источнио дел на екс-советската држава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа