Видео игра го предвиде крвопролевањето во Украина

 

Во ноември 2003 година компанијата Ubisoft Entertainment SA ја објави првата верзија од видео играта "Lok On: Modern Air Combat", која содржи "хипер-реалистична графика" и тогаш била оценета како најдобра во својот жанр. Една деценија подоцна, играта е повторно актуелна од сосема други причини.

 

Во 2003 година група руски дизајнери осмислиле видео игра чие сценарио страшно потсетува на тоа што се денес се случува во Украина.

Сценариото на играта е сместено на украинскиот полуостров Крим. Повеќе од една деценија пред руските и украинските сили навистина да се судрат. Замислено е дека Крим е центарот на судирите помеѓу САД и неговите НАТО сојузници против Русија.

Во играта украинските сили можеле да се борат со Русите, што изгледало возможно во 2003. година, или против нив, што е многу поверојатно денес.

Дека сличноста е неверојатна покажува и тоа што играчите можеле да летаат во или од Сочи, односно од местото каде што се одржаа Зимските олимписки игри кои завршија минатиот месец, само неколку денови пред Крим да биде зафатен од немири.

 

 

04.03.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега