Скарлет Јохансон пет месеци ја криела бременоста
Прекрасната холивудска актерка Скарлет Јохансон и овој пат е мета за таблоидите. Имено таа го очекува првото дете со францускиот новинар, вереникот Роман Дауријак. Според гласините Скарлет е во петтиот месец од бременоста.
29-годишната Скарлет се вери за францускиот новинар во септември минатата година, но се уште не се официјално земени.
Бременоста за Е!Online ја потврдија неколку извори, а од приновата наводно ја делат само четири месеци.
Актерката зад себе има еден брак и тоа со Рајан Рејнолдс, од кого се разведе во 2011 година.
04.03.2014 - 10:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа