САД ги прекинаа сите воени врски со Русија
Како што соопшти Пентагон, САД ги прекинаа сите воени врски со Русија заради руската интервенција во Крим.
-Тоа ги вклучува и заедничките маневри и средби, посета на бродови во пристаништа и воено планирање, изјави адмирал Џон Кирби, портпарол на Пентагон.
Тој доаде дека и покрај тоа што Министерството за одбрана има интерес од воена соработка со Русија, поради последните случувања во Украина тие ќе ги прекинат воените врски и воедно ја повика Русија да ги врати руските војски во Крим во базите согласно договорот за руската Црноморска флота.
04.03.2014 - 09:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа