Уапсен еден од советниците на Камерон поради заведување деца
Шеесет и двегодишниот Патрик Рок кој воедно е еден од советниците на британскиот премиер Дејвид Камерон уапсен е под сомнение за поседување фотографии на заведување и обесчестување деца,соопшти Даунинг стрит 10.
Уапсениот Патрик беше заменик раководител на политичкото одделение во кабинетот на британскиот премиер.
Случајот на советникот Рок и бил доверен на Националната агенција за криминал (НЦА) која издала налог за неговото апсење откако станало јасно за постоење на можно кривично дело, стои во соопштението на кабинетот на Камерон .
Апсењето било извршено уште на 13 февруари,во неговата куќа,откако еден ден пред тоа,поднел оставка на функцијата во Даунинг стрит 10,но целиот случај досега бил чуван во тајност.
Портпарол на кабинетот на премиерот изјави дека поради апсењето на советникот Рок и било дозволено на полицијата да влезе во просториите на Даунинг стрит 10,за да се изврши преглед на компјутерите и на целиот ИТ систем,за да се обезбедат допонителни докази.
Патрик Рок не е обичен политички советник,туку еден од угледните и истакнати функционери на Конзервативната партија во изминатите 30 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа