Од Киев порачаа - референдумот за независност на Крим ќе биде нелегален

 

Украинската Централна изборна комисија денеска оцени дека референдумот независност на Крим ќе биде невозможно да се оддржи врз основа на важечките украински закони, јави ИТАР-ТАСС.

- Во согласност со правото на поединците да донесуваат одлуки од локално значење, не е предвидено оддржување на референдум, соопшти ЦИК.

Врховниот совет на украинската Автономна Република Крим распиша референдум за идниот статус на полусотовот за во мај, но потоа, сепак, реши тој да се  оддржи многу порано и го презакажа за 30 март. 

03.03.2014 - 20:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега