Ромпуј ги собира владите и претседателите на ЕУ во четврток - вонреден самит за Украина
Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј за в четврток закажа вонреден Самит на шефовите на држави или владите на земјите-членки на Европската унија, јави дописникот на МИА од Брисел.
Според кусото соопштение на Советот, единствена точка на вонредниот самит на ЕУ ќе биде ситуацијата во Украина.
Европскиот совет информира дека се очекува вонредниот Самит в четврток да започне во 11:30, а да заврши во 15:00 часот, при што лидерите на ЕУќе дискутираат за последниот развој на настаните во Украина и за тоа како да се помогне за „потребната деескалација на ситуацијата“.
03.03.2014 - 19:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа