Кина ја поддржа Русија за кризата во Украина

 

Кина изразува разбирање за рускиот став за причините за кризата во Украина, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија, посветено на резултатите од денешните консултаци меѓу заменик-шефот на руската дипломатија Григориј Карасин и неговиот кинески колега Ченг Куопинг, на кои акцент бил ставен на состојбата во Украина.

- Кина изрази разбирање за рускиот став за причините за длабоката криза во Украина, во која се вмешани надворешни сили, кои го поддржувале „Евромајдан“ и ја занемаруваат примената на спогодбата од 21 февруари, се вели во соопштението.

Карасин и Ченг ја нагласија потребата од продолжение на потрагата по начин за смирување на ситуацијата во Украина, со учество на политичките сили и врз база на интересите на нејзините региони, се нагласува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Двете страни се договориле да продолжат со размена на информации за натамошните случувања во Украина.

03.03.2014 - 18:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега