Учителка неможе да си ги распознае учениците- во одделение со 22 ученици 20 се близнаци

Една кинеска учителка има многу тешка задача - да ги распознае своите ученици бидејќи од вкупно 22 дури 20 се близнаци.

 

Таа признава дека понекогаш навистина настанува вистинска збркотница бидејќи има преголем број на близнаци и не може да ги распознае.

-Многу тешко се разликуваат, а сите носат исти униформи. Понекогаш не знам кому му се обраќам кога поставувам прашање или кога ги предупредувам поради зборување на час - изјави Ксу.

Но со тек на време, учителката почнала да ги забележува разликите меѓу нив, дури и оние минималните.

Управата на училиштето вели дека се работи за абнормално голем број на близнаци во регионот и дека е само случајност тоа што повеќето завршиле во исто одделение

03.03.2014 - 15:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега