Внимавајте полицијата прави „парче“ во Скопје - само викендов скоро 400 казни

Скопската полиција за време на викендот спроведе зајакната контрола при што од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 397 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Кај 74 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 32 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 23 возачи, а кај 18 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло. Исто така, десет возачи  управувале возила со над дозволената брзина од кои тројца управувале возило со над 90 км на час во населено место.

Покрај ова изречени се 15 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 21 прекршок за зборување на мобилен телефон, за непрописно престројување пред крстосница изречени се седум  прекршоци. Казнети се и деветмина граѓани кои направиле прекршоци како пешаци, еден прекршок за оптоварување над дозволената носивост, потоа 16 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 112  прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. Со пајак возило подигнати се 104 возила

03.03.2014 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега