Драма во Велес: Две храбри момчиња спасија жена која скокна во Вардар
Вистинска драма се одвивала синоќа во Велес откако жена скокна од мостот Гемиџии со цел да си го одземе животот.
Според податоците на тирековмирече.мк, се работи за 36-годишната Л.С. која околу 19 часот и 20 минути скокнала од мостот, а за среќа на местото на настанот се нашле две храбри момчиња, Махмут и Фаик, кои скокнале по неа и и го спасиле животот.
Бидејќи и покрај нискиот водостој на Вардар, беше тешко да се изнесе на суво, борбата траеше 15-тина минути, а на помош дојде и чамец од велешките кајак клубови, со кого беше изнесена жената.
За среќа таа сега е надвор од животна опасност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа