Руската Дума бара Путин да превземе мерки за стабилизирање на ситуацијата во Крим
Советот на руската државна Дума денеска побара од рускиот претседател Владимир Путин да преземе мерки за стабилизирање на ситуацијата во Крим, јави ИТАР-ТАСС.
Советот на Думата бара од Путин да ги искористи сите можности за заштита на населението на Крим од тиранија и насилства.
Пратениците од руската Дума изразуваат длабока загриженост за развојот на настаните и политичката криза во Украина.
01.03.2014 - 14:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа