ВИДЕО: Украински ултранационалист сееше страв: Ајде, кој ќе се осмели да ми го земе овој калашников?!
Александар Музичко од украинскиот ултранационален "Десен сектор", познат по тоа што за време на војната во Чеченија се бореше против Русите, сее страв во Украина.
Музичко пред камерите го малтретираше чиновник во Државното обвинителство. Дојде на седница вооружан со калашников и бараше да се доделат станови на семејствата на загинатите демонстранти во Киев.
- Кој ќе ми го земе оружјето од рака? Кој ќе ми ги земе ножевите? Ајде ако смеете...изјави тој.
Додека музичко сееше страв, неговите колеги од Десниот сектор, и активисти на друга ултранационалистичка организација, Општо добро, врше а притисок на локалната Центарлна изборна комисија.
Како што пренесува раша тудеј, Музичко побеснел кога слушнал дека обвинителот е во болница, обвинувајќи го неговиот заменик дека само си ја грее столицата и не работи ништо друго.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа