Скопјанец со кујнски нож дивеел во сендвичара - млади момчиња преживеале хорор

Во сендвичарата Ројал Бургер лоцирана на улицата Видое Смилевски Бато во Скопје, скопјанец влегол и предизвикал вистински хорор.

Според податоците од полицијата, додека 20-годишниот Г.Р. и 20-годишниот Б.С. од Скопје биле на работното место, влегол 29-годишниот М.П. и почнал да им се заканува, а во еден момент ситуацијата кулминирала кога земал кујнски нож и почнал да замавнува кон нив.

Вработените се исплашиле и го напуштитле местото на настанот, по што случајот веднаш го пријавиле во полиција.

 

01.03.2014 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега