Стево Пендаровски ќе стане претседател- но КАДЕ?

Стево Пендаровски има огромни изгледи да стане претседател. Но не на државата како што тоа вчера го најави генералниот секретар на СДСМ, туку на партијата, велат извори од Бихаќка. Откако самиот обелодени дека од сите 26 предложени кандидати за претседател номинирани од општинските организации, тој ја добил најголемата поддршка, односно добил номинација буквално од сите 76 организации на СДСМ, станува јасно кој е фаворитот на базата. Партијата не обелодени колку номинации добил актуелниот лидер Зоран Заев, но извори од таму коментираат дека бројката општински која го запишала името на струмичкиот градоначалник била помала од онаа на човекот кој во минатото му беше исклучително близок соработник на Бранко Црвенковски.

„Ми беше предочено дека сум предлог на сите 76 општински организации и дека имам најголема поддршка споредено со било кој друг кандидат предложен од партиската база. По ова, донесов одлука да ја прифатам понудата и сега оставам на партиската процедура“, изјави вчера Стево Пендаровски во телефонски разговор за  Пресс24.

Медиумите денеска на големо пишуваат за тесната врска помеѓу Пендаровски и екс шефот на држвата и партијата Бранко Црвенковски. Извори од седиштето на Бихаќка коментираат дека поддршката од Црвенковски за овој кандидат била исклучително силна па токму во тоа лежи одговорот на прашањето- зошто актуелното раководство тактизираше цели два дена од моментот на донесувањето на одлуката до нејзиното соопштување пред јавноста.

Извори за Пресс24 велат дека партиското раководство очекува Стево Пендаровски да добие поголем број гласови од вкупниот број гласови кои на парламентарните избори ќе ги освои СДСМ. Тоа ќе биде картата на која по поразот на изборите, Конгресот ќе го именува пендаровскиз а шеф на партијата и ќе го седне во фотељата на актуелниот лидер Заев.

Стево Пендаровски ќе биде единствен кандидат на партискиот Конгрес во вторник. СДСМ не открива кои с еостанатите номинирани кандидати кои раководството ги дисквалификуваше.

Пендаровски му го додели претседателскиот мандат на Црвенковски како претседател на ДИК кога изборот беше спорен за ВМРО-ДПМНЕ. Од ДИК се пресели во неговиот кабинет и му беше советник за клучните политички прашања.

28.02.2014 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа