Закажана средбата со коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва во 19 часот во Порта Македонија ќе се одржи средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со претставници на партиите од владејачката коалиција, потврдуваат партиски извори за Пресс24.

Веднаш по оваа средба, во 20 часот, ќе заседава Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ кој треба да донесе одлука- како ќе постапи по најавата од ДУИ за барање3 за распуштање на парламентот и распишување вонредни парламентарни зиброи.

28.02.2014 - 15:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа