Скопскиот маратон се ребрендира во „Виз Ер“ Скопски маратон

 

Скопскиот атлетски маратон кој што годинава ќе се одржи по десетти јубилеен пат, низ улиците на главниот град на Македонија, доби нов генерален спонзор „Виз Ер“. 

Најголемата нискобуџетна авионска компанија во Централна и во Источна Европа, во наредните три години ќе биде главен спонзор на Скопски атлетски маратон.

Оваа година Скопскиот маратон ќе се одржи на 11. мај, а градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, го претстави новиот спонзор.

„Од оваа година, Скопскиот атлетски маратон за спонзор ја добива авиокомпанијата „Виз Ер“. Се надеваме дека ова е уште еден чекор напред во организацијата на атлетската маратонска трка низ улиците на нашиот главен град и посакуваме уште поголем број на учесници на јубилејното десетто издание“, изјави градоначалникот Коце Трајановски.

28.02.2014 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега