Спорниот привезок исфрлен од видео спот на Кети Пери

 

Поради покренатата петиција за повлекување на привезокот со зборовите „Алах“ од спототна пејачката Кети Пери за песната „Dark Horse“ е променет.

Петицијата на англиски јазик, која ја покрена Шазад Икбал од Брадфорд во Велика Британија, собра повеќе од 34 илјади потписи уште првиот ден.

Во петицијата стои истакнато дека станува збор за богохулие, затоа што спотот јасно ја пренесува пораката додека зборот „Господ“ гори во пламен.

"Петицијата е покрената затоа што луѓе од различни делови на светот и култура се согласуваат дека со видеото се промовира богохулие, користејќи го името Господ на неважен и невкусен начин", напишаа во објаснувањето.

Собрани се 65 илјади потписи, па спорната сцена е повлечена од спотот.

"Луѓе, мило ми е што можам да ве информирам дека Алаховото име е повлечено од спотот за песната „Dark Horse“. Не би успеале во ова ако не беше вашата поддршка, ви благодарам", напиша Икбал. 

28.02.2014 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега