Поради грешка во законот српските сообраќајци не можат да казнуваат до 1 март

Сообраќајната полиција од 21-ви февруари заклучно до 1-ви март, не може да напише ниедна мандатна казна, бидејќи им се одземени записниците за казнување на несовесните возачи!

Станува збор за последица од лошата организација при преминувањето од стариот на новиот Закон за прекршоци, и на сите сообраќајни полицајци на улиците одземени им се записниците за пишување на мандатни казни. Тоа се прекршоци за кои полицијата изрекува казни од 3.000 и 5.000 динари на самото место.

Тоа значи дека, доколку полицијата запре возач кој не го врзал својот појас или користи телефон при возење, не може да го казни, туку може само да го опомене. Во сообраќајната полиција потврдуваат дека не можат да напишат ниедна мандатна казна до 1-ви март.

28.02.2014 - 14:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега