Возачи внимавајте - ако возите пијани можете за завршите во затвор
Од утре во Србија стартува Закон за сообраќај по патиштата, доколку по проверката од страна на полицијата се утврди дека возачот има најмалку 1,2 промили алкохол во крвта, тој веднаш ќе биде испратен на трезнење, а 12 часа потоа изведен и пред дежурен судија, пишува весникот „Блиц“.
Казната ќе биде одземање на возачката дозвола, парична казна или затвор. Доколку лицето биде казнето со затвор, веднаш ќе биде испратен на отслужување на казната.
Истата процедура ќе биде применета и за возачите, кои одбиваат да бидат тестирани за алкохол или се обидуваат да и избегаат на полицијата.
28.02.2014 - 12:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа